Ненад Стојановски: За успех треба да се посветиш и да бидеш убеден дека ќе успееш

Сподели со своите пријатели

Млад и талентиран кошаркар со желба за поголем успех, Ненад Стојановски и оваа сезона ќе игра во дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово каде заедно со своите соиграчи ќе се бори за првата титула.

Иако е релативно млад, Стојановски веќе има богато искуство зад себе, настапуваше и во Торонто, а оваа сезона се очекува да настапува и во првата и во втората кошаркарска лига.

Сезоната наскоро започнува, а ние разговаравме со Стојановски за неговите очекувања од истата, но и за неговиот професионален развој.

 

Loading...

КМ: Пред почетокот на минатата сезона потпиша две годишен договор, но на паркетот имаше скромна минутажа. Какви се твоите впечатоци?

  • „Нормално како и секој млад играч во првата лига се очекував тренерот да ме форсира. Во текот на сезоната тренерот се промени три пати и најмногу бев форсиран од Љубисав Луковиќ, додека кај останатите немав поголема шанса да се докажам. Морам да кажам едка тренинзите со Србиновски се многу добри и се забележува како напредува секој играч поединечно. Сепак тој е еден од поискусните тренери во Македонија кој беше и селектор на репрезентацијата. Условите за тренинг се солидни и имаме се што ни е потребно за да се одржи добар тренинг“.

nenad stojanovski kk kumanovo

КМ: На што може да се надеваме од тебе во претстојната сезона?

  • „За сезоната што претстои големи се шансите да добијам двојна лиценца. Со КК Куманово во првата лига и со уште еден тим од втората лига. Имам понуда од Водно Санс од Скопје. Големи се моите очекувања да имам поголема минутажа и да бидам поважен фактор на натпреварите. Вложив преголем труд во тренинзите и сакам да се докажам пред тренерот, соиграчите и најважно пред публиката.“

КМ: Како се разви твојата љубов кон кошарката?

  • „Кошарка имам играно уште од мали нозе, а посебно ја засакав кога имав 14 години и кога постојано добивав пофалби од некои професори и тренери.“

КМ: Како дојде до соработка со КК Куманово?

  • „Директорот на клубот, Младен Давидовиќ ми беше наставник по спорт во економското училиште и често ме следеше и прашуваше како напредувам. На свои 15 години играв за репрезентацијата до 16 години и по настапот на Европското првенство во Букурешт се приклучив на подготовките со КК Куманово.“

nenad stojanovski kk kumanovo

 

КМ: Кој од повозрасните колеги ти е најголема поддршка?

  • „Не можам да истакнам посебно некој, од секој постар се учи по нешто. Поискусни се и имаат што да споделат со нас што сме помлади и со послабо исксутво.“

КМ: Што е најважно за еден спортист додека е на терен?

  • „За спортистот додека е на терен најважно е да биде сконцентриран и фокусиран дали за тренингот или натпреварот, а добро е претходно да се биде подготвен и одморен.“

КМ: Сметаш ли дека спортот во Македонија е премногу исполитизиран?

  • „Спортот не е премногу исполитизиран, но има случаи кога знае да се вмеша партија или слично што секако не го поддржувам тоа.“

КМ: Што друго освен кошарката те исполнува на приватен план?

  • „Освен кошарка, ме исполнува и дружбата со соиграчите, но и читање добра книга.“

nenad stojanovski kk kumanovo

 

КМ: Релативно си млад, како планираш да ја продолжиш професионалната кариера?

  • „Секоја понуда од странски клуб би ми била добредојдена, условите во овој тим се добри, иако секој играч сака да ја промени околината, да научни некои работи и да проба нешто ново во кариерата.“

КМ: Се гледаш ли себе во иднина можеби во некој странски клуб или приоритет  ти се домашните?

  • „Веќе сум бил и играл во странство, поточно во Торонто и знам како е и што би ме очекувало. Лесно би се прилагодил, иако засега приоритет ми е локалниот клуб.“

КМ: Што треба да вложи во себе еден млад спортист за да биде успешен?

  • „Младите спортисти пред се треба да вложуваат многу труд и време. За успехот е потребно да се посветиш и цело време да бидеш убеден дека ќе успееш. Инвестицијата во себе е исто така важна. Приватен тренер, правилна исхрана, суплементи итн.“

КМ: Според тебе што би требало да се промени во македонскиот спорт за да има подобри резултати?

  • „Како прво да се намали бројот на странци во еден тим, по можност воопшто да нема и македонската прва лига да биде за македонски играчи и покрај тоја да се форсираат млади играчи, бидејќи младите играчи се иднината на секој спорт во Македонија.“