Четврти американски војник загина во војната против Иран

Сподели со своите пријатели

Американската војска во понеделник објави дека четвртиот американски војник загинал во војната против Иран.

– До 7:30 часот наутро по источно време (13:30 часот по средноевропско време), на 2 март, четворица американски војници беа убиени во акција – објави Централната команда на САД (CENTCOM) во објава на платформата на социјалната мрежа X.

– Четвртиот војник, кој беше тешко ранет за време на првичните ирански напади, на крајот им подлегна на повредите – се наведува во соопштението.

„Големите борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек“, додаде CENTCOM во соопштението, според телевизиската мрежа Ал-Арабија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранските училишта затворени до крајот на март