Во Скопје и Куманово намален бројот на гласачи за разлика од претходните избори

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.770.736 граѓанина Република Македонија ќе имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември, утврди Државната изборна комисија.

Во Скопје и Куманово се бележи намалување на бројот на гласачи за разлика од изборите одржани во 2014 година. Вкупно 9.392 гласачи помалку има во првата и втората изборна единица, каде најголеми се Скопје и Куманово.

Јавниот увид ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември, кога повторно ќе може да се пријават сите оние кои имаа сомнтилено избирачко право.

Изборната кампања започнува на 21 ноември.