Кумановци натепале скопјанец поради недоразбирање во сообраќај

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово викендов физички нападнале лице во Скопје поради претходно недоразбирање во сообраќајот.

– На 28.02.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје И.Ј.(21) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Н.Ј.(56) и Џ.Ј.(26), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во нападот, како што додаваат од полицијата, двајцата употребиле и тврди предмети.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дури 30 медали за КБК Куманово од Државното кик-бокс првенство (ФОТО)