Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце вчера започна меѓународната ликовна колонија „Куманово 2016“, под покровителство и организација на Општина Куманово и Нардона установ Музеј Куманово.
[huge_it_gallery id=”411″]
Вкупно 11 уметници од Македонија, Србија и Бугарија, седум дена ќе творат инспирирани од природата во атарот на Меморијалниот центар при што се очекува да создадат по неколку квалитетни дела кои ќе бидат изложени во ноември.
Очекуваме навистина богата ликовна продукција, а ние како домаќини се потрудиме да им ги обезбедиме сите услови за работа и други содржини, некоја прошетка на најзначајните локалнитети во градот и надвор од него, да ги анимираме и така да им овозможиме да ги видиме оние убави реффлекси во нивните дела. Ќе работат во касличните техники дисциплини на сликарството и скулптурата – вели Драгана Спасковска, кустос во Музеј Куманово.
Колонијата се уште ја негува традицијата на естетскиот квалитет, кој и покрај модерното време и визуелизација ќе се задржи на уметноста на платно.
Пелинце 12 години постои благодарение на локалната самоуправа која интензивно работи да го етаблира она што е ликовна уметнос. Причината зошто е така е тоа што кумановците и куманосвката ликовна структура дадоа голем допринос во македонската ликовна уметност – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Тој додаде дека се формирани многу ликовни колонии, но сите се формирани по кумановската, која е една од најстарата која ја промовира Македонија како модерна ликовна земја која дава допринос во модерното сликарство.
Морам да истакнам дека на оваа наша ликовна колонија поминале многу афирмирани и еминентни уметници од земјава и светот со што нашите збирки се збогатени со дела кои што имаат апсорбиран квалитет. Се надевам дека уметниците ќе уживаат во овој амбиент и ќе стекнат нови сознанија и она на што особено сум горда дека со развитокот на 3Д арт сепак нашата колонија успеа да го задржи она класичното во уметноста – рече Анита Цветковска, директор на НУ Музеј Куманово.
Една од учесничките е акдемскиот сликар Ирина Черњавски Шантиќ од Белград која се знаимава со своја посебна поетика која е оргинална на свој специфичен начин.
Во основа дипломирав скулптура, а мигистрирав сликарство, па ги поврзувам овие две дисциплини. Ќе работам моментално на опусот сама лично, имав изложба во Белград и ќе биде нешто во тој опус. Втор пат сум на колонијата, имам фантастични впечатоци и навистина се радував повторно да ги видам овие луѓе од организацијата и Пелинце кое е толку инсипиративно – вели Шантиќ.
Радмила Матејевиќ е дипломиран сликар од Ниш и таа за прв пат се наоѓа во кумановскиот регион каде во наредните недела дена ќе твори во Пелинце.
Ми беше сон претходниот пат кога доаѓав во Македонија да дојдам баш на оваа колонија, така да сега сонот ми се оствари. Очекувам пред се добро дружење со колегите, добро познанство, интересна заеднчка работа, некое ново искуство и убави спомени кои ќе ги понесам од тука – вели Матејевиќ.

