Иранскиот претседател го повтори своето противење на развојот на нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го повтори официјалниот став на земјата за нуклеарното оружје, истакнувајќи дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го забрани развојот на оружје за масовно уништување, што „јасно значи“ дека Техеран нема да развива нуклеарно оружје.

Пезешкијан ја даде оваа изјава во пресрет на третата рунда нуклеарни преговори со САД, кои продолжуваат да го обвинуваат Иран дека бара капацитети за нуклеарно оружје, објави Ројтерс.

Хамнеи, кој го има последниот збор за нуклеарната програма на Иран, издаде фатва, или религиозен декрет, на почетокот на 2000-тите години со кој се забранува развојот на нуклеарно оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бела куќа: Подобро е Израел прв да го нападне Иран