Училиштето во село Умин Дол доби нови санитарни јазли и детско катче (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Основното училиште „Карпош“ од селото Умин Дол доби реновирани санитарни јазли и современо детско качте преку програмата на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Општина Куманово.

 

[huge_it_gallery id=”409″]

 

Тука имавме долгогодишен проблем со санитарните јазли и на предлог на месната заедница беше да се регулираат истите, бидејќи постоечкиот санитарен чвор беше во една многу лоша состојба. Заедно со МЦМС и Општина Куманово го направивме проектот за реновирање на санитарните јазли. Направивме три санитарни дела, машки, женски и наставнички дел, направивме септичка јама, партерно уредување и еден забавен парк за малите возрасти – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Градоначалникот заедно со претставниците на Македонскиот центар за меѓународна соработка денес беше во посета на училиштето, каде освен што направи увид во сработеното, разговараше и со мештаните за нивните проблеми.

Минатата година концептот беше учество на граѓаните во носење одлуки на локално ниво, при што беа спроведени форумски сесии, каде жителите дебатираа за клучните приоритети на своето село. Во случајот со Умин Дол граѓаните предложија шест различни проекти, кои им беа од клучен приоритет, при што на крајот со гласање направија приоретизација. На прво место го рангираа новиот санитарен јазол, потоа беше детското игралиште со парк и потоа уште други четири проекти кои верувам во иднина Општина Куманово во соработка со донатори ќе може да ги реализира – рече Димче Митревски од МЦМС.

Инаку во ноември започна дебатата на која граѓаните сами избраа прераспределба на финансиските средства за проектите кои им се потребни во селото.

Жителите ги вложија средствата во својата иднина, бедејќи тука учат и деца не само од Умин Дол, туку и од Ново Село и селото Љубодраг. Ние како вработени тука и децата сме пресреќни што после многу години добивме нов санитарен јазол, патеката е поплочена и оваа игралиште кое учениците ќе можат да го користат – речеВладимир  Јовановиќ, директор на ООУ „Карпош“.

Во училиштето настава посетуваат вкупно 146 ученика, а оваа година биле запишани 23 првачиња, што е покачување во однос на изминатите години.