Полска забрани кинески возила во воени објекти

Сподели со своите пријатели

Полска им забрани на возила произведени во Кина да влегуваат во воени објекти поради страв дека нивните вградени сензори би можеле да се користат за собирање чувствителни податоци, соопшти денес полската војска.

Во соопштението се наведува дека кинеските возила, во исклучителни случаи, може да бидат дозволени во обезбедени воени објекти ако одредени функции се исклучени и се применат дополнителни мерки за заштита во согласност со безбедносните правила на секој поединечен објект, објави Ројтерс.

За да се намали ризикот од протекување на класифицирани информации, војската, исто така, забрани поврзување на службени мобилни телефони со мултимедијални системи во возила произведени во Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничава снимка: Лавина „проголта“ италијански скијачки центар! (ВИДЕО)

Полската војска истакнува дека мерките се од превентивен карактер и се во согласност со практиката на членките на НАТО и другите сојузници, со цел да се зачува високо ниво на заштита на одбранбената инфраструктура.

Ограничувањата не важат за јавно достапни воени локации, како што се болници, клиники, библиотеки, обвинителства или гарнизонски клубови, се вели во соопштението.