Трамп: Покренат трговски договор меѓу САД и Јапонија: Инвестиции од 550 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е покренат трговски договор меѓу САД и Јапонија, кој вклучува инвестиции вредни 550 милијарди долари.

„Јапонија сега формално и финансиски ќе го започне првиот сет инвестиции како дел од својата обврска да инвестира 550 милијарди долари во Соединетите Држави, што е дел од нашиот Историски трговски договор за ревитализација на индустриската база на Америка, создавање стотици илјади одлични американски работни места и зајакнување на нашата национална и економска безбедност како никогаш досега“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: САД ја одбија дозволата на Киев за производство на ракети „Патриот“

Тој најави три „огромни“ проекти во стратешките области на нафтата и гасот во Тексас, производството на електрична енергија во Охајо и критичните минерали во Џорџија.

„Обемот на овие проекти е толку голем што не би можел да се реализира без еден многу посебен збор – тарифи. Гасната електрана во Охајо ќе биде најголемата во историјата, електраната за течен природен гас во Американскиот Залив ќе започне со извоз и дополнително ќе ја подобри енергетската доминација на нашата земја, а нашата електрана за критични минерали ќе ја заврши нашата глупава зависност од странски извори“, рече Трамп.