Двајца приведени: Поради нерачистени долгови нападнале кумановец со остар предмет

Сподели со своите пријатели

Две лица од кумановско Биљановце биле приведени по физички напад врз 46-годишник поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

– На 16.02.2026 во 21:30 часот во с.Биљановце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Ј.(46) и Д.Н.(38), двајцата од с.Биљановце, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека околу 13:30 часот во двор од семејната куќа, по претходна расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи, му упатиле закани на Д.Н.(46) од Куманово.

Откако заминал Д.Н., му го попречиле патот со товарно возило и физички го нападнале, при што едниот од нив употребил остар предмет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја две населени места во Куманово

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски