Кумановец под дејство на алкохол натепал сопственик на кафеана

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од Куманово, кој бил под дејство на алкохол, физички нападнал сопственик на угостителски објект во Куманово.

– На 16.02.2026 во 23:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.П.(39) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:50 часот во угостителски објект во село Доброшане, кумановско, физички го нападнал сопственикот на објектот З.О.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради сообраќајка семафорите на две крстосници во Куманово надвор од функција

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски