Две населени места во Куманово, како и неколку фотонапонски централи, денеска ќе бидат привремено без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 15:30 часот прекини ќе има во населбите Иго Тричковиќ и Ајдучка Чешма.
Во меѓувреме, во период од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат неколку фотонапонски централи во градот.
Во текот на утрешниот ден во период од 22:00 до 02:00 часот, прекини ќе има во објектот на поранешен „Тинекс“ на градскиот плоштад.
Никола Ивановски

