Кумановец ја нападнал невенчаната сопруга, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

– На 15.02.2026 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(36) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 34- годишна, невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање