Договорот со КК Куманово го обновиja Костоски, Караџовски и Тодоровиќ

Сподели со своите пријатели

Младиот кошаркар кој минатата сезона играше во дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово, Миодраг Тодоровиќ, денеска заедно со неговите колеги Никола Караколев, Александар Костоски и Димитар Караџовски го обновија својот договор за настап во редовите на вицешампионот.

По долгу размислувања и преговарања, репрезентативците Костоски и Караџовски ги обновија договорите, по што ќе заиграат за КК Куманово и на домашната, но и балканската сцена.

 

Loading...

DSC_0137

 

Тодоровиќ кој инаку е во младинскиот состав на клубот ја потврди информацијата за КК Куманово и истакна дека ќе му биде чест да ги брани сино-белите бои на клубот.

 

DSC_0140

 

Од помладит екошаркари во претстојната сезона ќе имаме можност да го гледаме и Ненад Стојановски, кој пред почетокот на минатата сезона потпишал договор во времетраење од две години.

 

DSC_0020

Loading...

 

Се очекува деновиве свој прв професионален договор да потпише и најмладиот кошаркар Ѓорѓи Георгиевски, а обновување на договорот се очекува да направи и Мартин Јовановски.

DSC_0114

DSC_0009