Кошаркарите на Куманово денеска го играат полуфиналниот наптревар од Купот на Македонија, а за противник ќе го имаат составот на ТФТ од Скопје.
Откако вчера во тензичен и крајно возбудлив натпревар избраниците на Марин Докузовски го совладаа Пелистер, остварија можност денеска повторно во преполна сала на домашен терен да играат за финале во Купот.
Мечот започнува во 19:30 часот.
Претходно се игра полуфиналниот натпрвар меѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Кожув.
Победниците од денешните натпревари ќе се сретнат утре, повторно во Спортската сала Куманово, каде ќе се одигра големото финале и ќе се знае кој ќе го крене трофејот во Купот на Македонија.
Никола Ивановски

