Викенд прогноза за Куманово: Услови за дожд и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина од 45 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Натепани пожарникари во Куманово, приведени две лица

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 40 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу осум степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме променливо време со услови и за дожд и за сонце.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти еден степен над нулата, а дненвиот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец остана без автомобил. Возел без возачка и со истечена регистрација

 

 

Ноќта кон понеделник ќе има услови за врнежи од дожд и снег.

Никола Ивановски