Кумановец остана без автомобил. Возел без возачка и со истечена регистрација

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник од кумановско бил приведен, а неговото возило одземено, откако полицијата утврдила дека немал положено, а возилото не било регистрирано.

– На 11.02.2026 во 19:35 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј.(35) од село Љубодраг, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „пежо“, управувано од М.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит и без да ја продолжи важноста на сообраќајната дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја овие локации во Куманово

– Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски