Денеска и утре без струја овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без напојување со електрична енергија денеска и утре ќе останат неколку локации во околината на Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:00 до 13:00 часот прекини ќе има во селото Доборшане, односно делот по стадионот.

Во период од 08:30 до 13:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата 100 во населбата Карпош, како и улицата 210, односно место викано „Салон“.

Утре од 10:00 до 13:00 часот прекини ќе има и кај кориснциите од населбата Перо Чичо, поточно м.в. Гладно поле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Георгиевски: Нѐ очекува тежок натпревар, но ќе дадеме се од себе (ВИДЕО)

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.

Никола Ивановски