Без струја утре делови од Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово утре во текот на денот привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 14:00 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците од улиците „Никола Карев“ и „Живко Чало“.

Во истиот период без електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Магдалена Антова“ и „Моша Пијаде“.

Населбата Доброшане исто така ќе биде без струја во период од 08:30 до 14:00 часот.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 23-годишен кумановец баран со потерница