Кошаркарскиот клуб Куманово по една година пауза се враќа на сцената на големата БИБЛ лига, беше објавено денес на офицјалната веб-страна на балканската лига.
Куманово до сега три пати има учествувано на оваа балканско првенство, а има остварено врвни резултати. Така во сезоната 2012-2013 стигна до самото полуфинале, каде изгуби од Галил Гилбоа, а во 2014-2015 загуби во четвртфиналето од Рилски.
Управата на КК Куманово протестираше и за одлуката на МКФ да не бидат предложени во АБА Лигата како вицешампиони во домашната кошарка, но затоа во БИБЛ ќе се натпреваруваат со Карпош Соколи и Кожув како претставници на Македонија.
Засега сигурно свој потпис има оставено Марјан Јаневски кој петта сезона по ред ќе заигра во сино-белиот дрес, но и Марјан Србиновски кој и оваа сезона ќе го рпедводи тимот кон нови успеси.