Газа: Петмина убиени во последните 24 часа

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет Палестинци се убиени во израелски напади во Појасот Газа во текот на последните 24 часа, објави денес Министерството за здравство на Газа.

Во соопштението се наведува дека 10 Палестинци се ранети во Појасот Газа во текот на последните 24 часа, објави Ал Џезира.

Министерството соопшти дека од почетокот на прекинот на огнот во Појасот Газа на 10 октомври се убиени 581 лице, а 1.553 се ранети.

Вкупниот број на мртви Палестинци во Појасот Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година се зголеми на 72.032, а бројот на повредени на 171.661, според соопштението, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го предупреди Трамп: Сами ќе го нападнеме Иран ако ја преминат „црвената линија“