Двајца возачи викендов во Куманово останале без своите возила, откако полицијата им ги одзела бидејќи утврдила дека едниот немал дозвола, а вториот возел со забрана.
Во првиот слуај 19-годишник бил приведен, а неговото возило одземено, бидејќи полицијата констатирала дека немал возачка.
– На 07.02.2026 во 23:45 часот на улицата „Бранко Богдански Гуцман” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.О. (19) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.О., при што констатирале дека го управувал возилото без возачка дозвола, информираат од МВР.
Во вториот случај, приведен бил 25-годишник од Скопје, чие возило исто така привремено било одземено.
– На 08.02.2026 во 00:15 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.М .(25) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, при што констатирале дека Т.М. го управувал возилото иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“, велат од МВР.
Како што стои во соопштението, по насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, а возилата одземени и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Никола Ивановски

