Викенд прогноза за Куманово: Променливо со услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 3 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 9 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опожарен салон за мебел во Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време во текот на денот со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 4 степени, а дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.

Ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Во недела ќе имаме променлвио време со услови за дожд, но и за сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од севен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 2 до максимални 12 степени целзиусови.

 

 

Претстојната работна недела носи променливо време со почести врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со нож се заканувал на обезбедување во казино

Никола Ивановски