Уште двајца кумановци возеле без дозвола, возилата им се одземени

Сподели со своите пријатели

Две лица од куманвско Черкезе останаа без своите возила и биле приведени откако полицијата открила дека возат без возачка дозвола.

– На 04.02.2026 во 13:40 часот во село Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.Ј. (37) од Куманово и Ф.А. (29) од село Черкезе, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возила „шкода“, управувано од Д.Ј., и „опел“, управувано од Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека ги управувале возилата без положен возачки испит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре против Вардар

– Известен е јавен обвинител и по негова насока возилата се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски