Без струја денеска неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе останат без струја во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 10:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Никола Михаловски Брада“ и „Васко Карангелевски“.

Во истиот посочен период, без напојување со електрична енергија ќе бидат и улиците „АВНОЈ“, како и „Мирче Ацев“.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицијата одзеде автомобил на кумановец оти возел без дозвола