Приведени двајца тинејџери, со тврд предмет натепале кумановец

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери, од кои еден малолетник, биле приведени вчера во Куманово под сомнение дека со тврд предмет нападнале сограѓанин.

– На 02.02.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.М.(19) и 17-годишник, двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека со уште неколку лица на улица „Лесковачка“ во Куманово физички го нападнале В.Б.(21) од Куманово, при што употребиле и тврд предмет.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се гради водоводна мрежа на новиот дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (ФОТО)

Никола Ивановски