Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан нареди почеток на нуклеарни преговори со САД, објави новинската агенција Фарс во понеделник, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на договор за избегнување на воена акција.
– Претседателот Пезешкијан нареди почеток на преговори со САД – објави Фарс, повикувајќи се на неименуван владин извор.
– Иран и Соединетите Американски Држави ќе одржат разговори за нуклеарното досие – објави Фарс, без да го прецизира датумот.
Извештајот го објави владиниот весник Иран и реформистичкиот дневен весник Шарг, пренесува АФП.

