Жител на Студена бара под сомнение дека узурпирал државно земјиште
On:
Сподели со своите пријатели
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С. (45) од село Студена Бара, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот на 06.07.2016 година, со намера за владение, заземал недвижен имот-просторија на месната заедница во селото Студена бара која се наоѓа на катастарска парцела сопственост на Република Македонија. Таа просторија била користена од страна на месното население.