Кумановци претепале сограѓани, па заработија кривични пријави за насилство
On:
Сподели со своите пријатели
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.М. (48), М.С. (43), двајцата од Куманово, и двајца непознати сторители поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавените на 13.08.2016 година во 00.30 часот во кафеана во Куманово, откако претходно се довеле под дејство на алкохол, физички ги нападнале оштетените Ј.С. (48) и Б.Т. (30), двајцата од Куманово, удирајќи ги со тупатници во пределот на главата и телото при што им нанеле телесни повреди.