Приведен крадец од Куманово за издржување затворска казна од 40 месеци

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен откако за него била распишана потерница за издржување затворска казна.

– На 27.01.2026 во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(28) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од три  години и четири месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

– Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во преговори со градови од Израел за економска соработка (ФОТО)

Никола Ивановски