Екипите на Куманово и Чаир одиграа неполни две минути од денешниот натпревар, по што од страна на делегатот средбата беше прекината.
Причината е лизгав под. Откако еден од играчите на КК Чаир се излизга на теренот, гостинската екипа побара прекин на натпреварот, а на крајот делегатот донесе таква одлука.
Ова е втор пат натпревар на МКК Куманово да биде прекинат поради лизгав под.
Како што беше појаснето претходно причината е во несоодветно средство кое фирма ангажирана за чистење по ракометни натпревари го користи за отстранување не лепилото кое се користи од страна на ракометарите.
Наптреварот МКК Куманово – КК Чаир ќе се одигра утре во 19 часот.
Никола Ивановски

