Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сонце со замаглување и ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 7 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од југ и југозапад.
Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а дневниот максимум ќе достигне 8 степени целзиусови.
Ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но значително повисока температура.
Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен правец, која на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Минималнта температура ќе се спушти до 6 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до високи 13 степени целзиусови. Ноќта кон понеделник повторно ќе има услови за врнежи од дожд.

Променливо време со дожд и сонце ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела.
Никола Ивановски

