Четириесетгодишен кумановец доби кривична пријава од полицијата под сомнение дека купил монети од 18 и 19 век и други етнолошки предмети.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, пријавениот во текот на 2024 година купил монети кои потекнуваат од 18 и 19 век и предмети во вид на „пафти” кои претставуваат етнолошки предмети, кои потекнуваат од 19 век или почеток на 20 век и претставуваат добра под привремена заштита.
Никола Ивановски

