Приведен кумановец кој ја нападнал својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

– На 21.01.2026 во 23:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Л.(57) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски посредувал за печалбарите, разговарано со премиерот и директорката на УЈП