Итен состанок на европските лидери за Гренланд и односите со САД

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) денес ќе одржат вонреден самит во Брисел за Гренланд и односите со Соединетите Американски Држави (САД), објави Европскиот совет.

Конкретниот план и програма на состанокот не се објавени, но ТАСС пишува дека ќе се одржи во „формат на работна вечера по 18:00 часот по средноевропско време“.

Според неименуван извор во Брисел, се очекува состанокот да трае до доцна во ноќта, поради неизвесноста на ситуацијата.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, потврди претходно на Светскиот економски форум во Давос дека самитот ќе се одржи и дека лидерите ќе разговараат за целосна и безусловна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп во Давос се откажа од царините, откри што може да добие во Гренланд: „Тоа би било одлично!“