Повеќе делови од Куманово во текот на денешниот и утрешниот ден ќе останат привремено без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:00 до 15:00 часот, прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците од населбата Иго Тричковиќ.
Во текот на утрешниот ден во период од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Трајко Прокопиев“, поточно од м.в. Магаза до стоваршите за дрва „Мила Ела“, како и кон м.в. Чешмиче.
Прекини во истиот период ќе има и кај дел од корисниците од улиците „527“ и „Благојда Думановски“ поточно од сервис „Манебенз“ до улицата „Трајко Прокопиев“.
Без струја утре од 08:00 до 16:00 часот ќе бидат и корисниците од улицата „17ти Бригади“.
Никола Ивановски

