Околу 14 милиони странци живеат во Германија, од кои приближно 230.000 мора да ја напуштат земјата, според најновите податоци од Центарот за регистрација на странци (AZR).
Германија е една од главните дестинации на многу Македонци, а сега е објавено колку од нив живеат таму.
Интересно е што Турците во голема мера беа најбројните странци во Германија, но сега тоа може да се промени.
Регистрирани се 1,52 милиони Турци и 1,4 милиони Украинци.
Причината за толку големото зголемување на Украинците во Германија е војната.
Извештајот на AZR покажува дека повеќе од 14 милиони странци моментално живеат во Германија. Нивниот удел во вкупното население (околу 83,6 милиони) затоа изнесува приближно 16,8 проценти, пишува германскиот Фокус.
Сепак, како што истакнува овој медиум, бројот на луѓе со мигрантско потекло е многу поголем.
Ова ги вклучува не само странците, туку и, на пример, децата на странци кои се родени во Германија и добиле германско државјанство по раѓањето.
Од 14 милиони странци, околу 230.000 мора да ја напуштат земјата.
Сепак, 190.360 од нив добиле дозвола за привремен престој.
Речиси 40.000 живеат тука без таква дозвола и всушност треба веднаш да ја напуштат Германија.
ТОП 10 странци
Турција – 1.522.681
Украина – 1.402.245
Сирија – 940.401
Романија – 907.185
Полска – 842.789
Италија – 630.247
Авганистан – 448.744
Бугарија – 422.787
Хрватска – 414.555
Грција – 347.486
Колку граѓани има од Македонија и земјите од поранешна Југославија?
Според податоците на AZR, во Германија живеат 161.044 граѓани на Македонија и тие се на 22-то место на листата на странци во таа земја.
Најбројни од соседството се Бугарите, ги има вкупно 422.787 и се на 8 место, едно место подолу е Хрватска, Косово е на 11то место, а Србија на 14-то.
Индија: 308.893
Руска Федерација: 285.884
Србија: 262.479
Ирак: 255.129
Босна и Херцеговина: 246.724
Унгарија: 212.994
Шпанија: 203.865
Австрија: 180.329
Кина: 168.251
Иран: 161.927
Македонија: 161.044
Виетнам: 150.972

