Трамп откри дека САД располагаат со „неверојатно“ тајно оружје

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизиската мрежа NewsNation изјави дека САД имаат „невероятно оружје“ за кое, како што рече, „никој друг не знае“.

Коментирајќи ги шпекулациите за наводната употреба на сонично оружје за време на обидот за киднапирање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Трамп рече дека Вашингтон има средства за кои јавноста не е информирана.

„Имаме оружје за кое никој не знае… неверојатно оружје“, рече Трамп, додавајќи дека „не би сакал никој друг да го има“.

Оваа изјава ја објави руската новинска агенција РИА Новости, потсетувајќи дека некои медиуми претходно изнесоа тврдења за тајните операции на САД во Венецуела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му се закани на Иран: Ќе биде избришан од лицето на земјата ако нешто ми се случи

Според Њујорк пост, САД наводно користеле досега непознато оружје за време на обидот за апсење на Мадуро, што американските власти официјално не го потврдија.

Немаше дополнително појаснување од Белата куќа за тоа каков вид оружје станува збор, ниту пак беше прецизирано дали некогаш било користено во конкретни операции.