Приведен кумановец, полицијата му пронашла прашкаста материја и дигитална вага на викендица

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен откако полицијата на неговата викендица пронашла бела прашкаста материја и дигитална вага.

– На 19.01.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.В.(34) од Куманово. При претрес во неговата викенд куќа во населба „Перо Чичо“ во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска три локации во Куманово

Никола Ивановски