Единаесет малолетници конзумирале алкохол, утврдиле полицијата и инспекциските служби при контрола на приватна забава во Куманово.
– Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од с.Љубодраг, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што стои во соопштението, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршија контрола во угостителски објект во село Доброшане, кумановско, сопственост на М.П..
– За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., од кои кај 11 било утврдено дека консумирале алкохол, велат од кумановската полиција.
По целосно документирање на случајот, од СВР Куманово најавуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

