Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 300 дронови и ракети

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напад врз Украина преку ноќ, користејќи повеќе од 300 дронови и „значаен“ број балистички и крстосувачки ракети.

Во објава на X, Зеленски изјави дека еден ден претходно Украина добила пратка противвоздушни ракети, што придонело за зајакнување на нејзината одбрана, но предупредил на итна потреба од дополнителни резерви, објави Ројтерс.

„Партнерите не смеат да не го исполнат ова – противвоздушните ракети се вистинската заштита за човечките животи“, рече Зеленски, според Танјуг.

Сибиха: Новиот „варварски напад“ на Москва врз Украина е повик за будење до светските лидери

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денес ги повика светските лидери итно да ја поддржат Украина, преку помош во воздушната одбрана и притисок со санкции врз Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зимска бура невидена половина век: Животот запре во Камчатка (ВИДЕО)

Тој рече дека „нема да има мир во Европа без траен мир за Украина“ и дека најновиот „варварски напад“ на Москва врз Украина е повик за будење за светските лидери што се собираат во Давос.

„Илјадници куќи се без греење во Киев на температура од -15 степени надвор, по масовниот руски напад во текот на ноќта. Воениот злосторник Путин продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица. Нападите врз Киев, Виница, Днепар, Одеса, Запорожје, Полтава, Суми и други региони доведоа до цивилни жртви и штети на енергетската инфраструктура“, рече Сибиха во објава на мрежата X, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По големиот руски напад, Зеленски го откажа патувањето во Давос и останува во Киев

Во Киев, 5.635 високи згради се без греење утрово како резултат на рускиот напад во текот на ноќта, објави денес градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Тој, исто така, истакна дека левиот брег на Киев е сè уште без водоснабдување како резултат на рускиот напад.