Кумановец заврши на скопските клиники, откако го претепал поранешниот зет

Сподели со своите пријатели

Шеесет и деветгодишник од Куманово со тешки телесни повреди бил пренесен на скопските клини откако бил претепан од поранешниот зет.

– На 18.01.2026 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ѓ.(42) од Куманово, постапувајќо по претходна пријава дека на улицата „Трст” во Куманово физички го нападнал 69-годишниот татко на неговата поранешна сопруга и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица во притвор, нападнале сопственик на угостителски објект во Куманово

Никола Ивановски