Приведен кумановец кој украл предмети од седум автомобили

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од Куманово бил приведен викендов приведен од полицијата под сомнение дека украл предмети од седум автомобили.

– На 18.01.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Р.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Андреј Андоновски го фати крстот во Горно Којнаре