Мексико погоден од земјотрес од 4,9 степени

Сподели со своите пријатели

Мексико денес беше погоден од земјотрес со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале и луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот по локално време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го нападна Либан: Тие тврдат дека целеле „терористички упоришта“