Кумановец, Германец и скопјанка се тепале на скопскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

Жители на Куманово, Германија и Скопје го нарушиле јавниот ред и мир на скопскиот аеродром со меѓусебна физичка пресметка.

– На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кај кумановец пронајдени 28 универзални клучеви за отворање брави

Никола Ивановски