Кај кумановец пронајдени 28 универзални клучеви за отворање брави

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен откако во енговото возило биле пронајдени 28 универзални клучеви и разни други алатки за отворање брави.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело”, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додваат од полицијата, на 14.01.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавениот со уште едно лице, при што во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави и разни алатки за отварање на брави и други предмети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските печалбари побараа оставка од директорката на УЈП (ВИДЕО)

Никола Ивановски