Макрон свика состанок на Советот за одбрана, во врска со Гренланд и Иран

Сподели со своите пријатели

Во Елисејската палата е во тек итен состанок на Советот за одбрана, со кој претседава францускиот претседател Емануел Макрон, каде што се дискутира за ситуацијата во Гренланд и Иран, објавува Фигаро.

Советот за одбрана ги собира компетентни министри и воени команданти и се одржува во време кога американскиот претседател Доналд Трамп објави можност за напад врз Иран, а по состанокот меѓу данските и американските власти за Гренланд, кој, според данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмунсен, заврши со „фундаментално несогласување“.

По состанокот на Советот за одбрана, Макрон треба да ја посети воздухопловната база Истре на југот на Франција за да им испрати новогодишни честитки на вооружените сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Иран на работ на конфликт: Трамп размислува за воен удар, Иран во состојба на готовност

Амбасадорот за поларни и океански прашања, Оливие Поавр д’Арвор, изјави за Франсинфо дека „околу 15“ француски војници, „специјалисти за високи планини“ веќе се распоредени во градот Нук, Гренланд.

Француското воено присуство во Гренланд е дел од европската воена мисија „Арктичка издржливост“, која ја иницираа неколку земји од НАТО, вклучувајќи ги Шведска, Германија и Норвешка, пренесува Танјуг.