Иран наводно планира да го погуби 26-годишниот Ерфан Солтани, во она што би било прво погубување поврзано со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата.
Според организациите за човекови права, Солтани, кој беше уапсен минатата недела во Карај, треба да биде обесен утре без судење, пишува NDTV.
Случајот на Ерфан Солтани
Солтани беше уапсен во саботата за време на протестите во Карај и обвинет за „водење војна против Бога“, кривично дело казниво со смрт во Иран.
Норвешката невладина организација Иран хуман рајтс (IHR) објави, повикувајќи се на свои извори:
„На неговото семејство му е кажано дека е осуден на смрт и дека пресудата треба да се изврши на 14 јануари“.
Друга организација, Националната унија за демократија во Иран (NUFD), соопшти дека на Солтани му е одбиен пристап до адвокат.
„Неговиот единствен злостор е борбата за слободата на Иран. Бидете негов глас“, објави групата на социјалната мрежа X.
Независна потврда за егзекуцијата сè уште не е можна поради прекинот на комуникациите во Иран, што властите се обидуваат да ги потиснат протестите.
رژیم جنایتکار جمهوری اسلامی قصد دارد عرفان سلطانی، جوان آزادیخواه را که روز شنبه در جریان خیزش ملی ایران در فردیس استان البرز بازداشت کرده، روز چهارشنبه با عنوان «اعدام» به قتل برساند.
تنها جرم او فریاد آزادی برای ایران است.
صدای او باشید و برای نجات عرفان سلطانی تلاش کنید! pic.twitter.com/AHjhzxWTmo
— National Union for Democracy in Iran (@NUFDIran) January 12, 2026
Предупредувања од организациите за човекови права
Организацијата IHR соопшти дека ја потврдила смртта на 648 лица за време на протестите, вклучувајќи девет малолетници, но предупреди дека реалниот број е веројатно многу поголем и дека некои проценки покажуваат повеќе од 6.000 жртви.
„Поради прекинот на интернетот, исклучително е тешко независно да се потврдат овие извештаи“, соопшти IHR, додавајќи дека околу 10.000 лица се уапсени.
„Убиството на цивили потсетува на злосторствата на режимот од 1980-тите, кои се признати како злосторства против човештвото“, рече директорот на IHR, Махмуд Амири-Могадам.
„Меѓународната заедница има должност да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства од страна на Исламската Република“, додаде тој.
Одговорот на иранскиот режим
Иранските власти организираа масовни провладини собири низ целата земја во понеделник, кои врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги поздрави како доказ дека протестното движење е поразено.
Хамнеи, 86, кој е на власт од 1989 година, рече дека одговорот на провладините сили е „предупредување“ до Соединетите Американски Држави.
„Овие масовни собири, полни со решителност, го осуетија планот на странските непријатели, кој требаше да го спроведат домашни платеници“, рече Хамнеи, како што објави државната телевизија.
Во Техеран, претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, им рече на собраните на плоштадот Енгелаб (Револуција) дека Иран води „војна на четири фронта“: економска, психолошка, „воена војна“ со САД и Израел и „војна против терористите“, осврнувајќи се на протестите.

