Девет новороденчиња починаа во породилиште во Русија

Сподели со своите пријатели

За време на новогодишните празници, девет новороденчиња починаа во породилиштето во градот Новокузнецк, Кемеровскиот регион, потврди регионалниот министер за здравство Андреј Тарасов.

„Околностите на овој случај во моментов се испитуваат. Комисијата на Министерството за здравство го посети теренот за да ја процени ситуацијата и да се осигура дека нешто вакво нема да се случи повторно. Официјалните информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата“, рече Тарасов.

Породилиштето е привремено затворено

Претходно беше објавено дека најмалку шест новороденчиња починале во една од двете породилишта во Новокузнецк.

Денес, раководството на породилиштето објави дека установата привремено се затвора поради неповолната локална епидемиолошка состојба и зголемувањето на бројот на респираторни инфекции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Црн мраз“ предизвика хаос во Австрија: Аеродромот во Виена затворен - сите летови откажани

Федералната служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето (руски санитарен надзорен орган), како и Федералната служба за надзор во здравството, веќе извршија инспекција во породилиштето за да утврдат дали установата ги почитува прописите во областа на здравството, заштитата на правата на малолетниците, како и епидемиолошките норми и барања.

По извршениот увид, локалните истражни органи покренаа кривична постапка согласно член 293 од Кривичниот законик на Русија, кој се однесува на небрежно однесување.