Силувале и уценувале малолетно девојче од Липково, две лица во притвор

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик.

– Денеска (10.01.2026) СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела “полов напад и силување” и “уцена” и против Ќ.М. (28) од село Слупчане,за сторено кривично дело “полов напад и силување”. Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со Ќ.М., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според Основото јавно обвинилтество, првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот.

Потоа жртвата ја уценувал дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.

Основното јавно обвинителство Куманово продолжува да презема истражни дејствија.

Во интерес на истрагата и потребата од заштита на малолетната жртва, обвинителството и полицијата апелираат за внимателно и етичко известување за настанот, како и користење на официјални извори.